Услови и Правила за користење

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите и правилата за користење на интернет продавницата.

 

Правила за Корисниците

Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

DIMStore.com.mk го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 1 до 3 работни дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација, на домашна адреса или во локалната пошта. (Во исклучителни околности кои не зависат од нас, доколку е потребно повеќе време за испорака, навремено ќе бидете известени.) За секоја нарачка до 1000 денари цената на доставата е 110 денари, за секоја нарачка над 1000 денари доставата ви е бесплатна. Доставата се врши до сите градови во Македонија. За сите делови надвор од градовите доставата дополнително се наплаќа во зависност од тежината.Во случај доколку не сакате дополнително да ја платите доставата можете да ја подигнете од курирската служба во вашиот град. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка или со банкарски трансфер.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата. Исто така доколку нарачувате прв пат, автоматски ќе ви биде генериран и профил, кој ќе може да го користите за сите идни нарачки.

По комплетирањето на нарачката (процесуирање), ќе добиете и e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката.

Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура (фискална сметка) во период од 7 дена од приемот на производот. Трошоците за поштарина се на ваша сметка. Парите ќе ви бидат пратени исклучиво на Вашата трансакциска сметка.

Информации за Испорака

Производите нарачани на оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

Нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 1 до 3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. (Во исклучителни околности кои не зависат од нас, доколку е потребно повеќе време за испорака, навремено ќе бидете известени.) Ќе ви се јават од доставната служба на телефон за да се договорите околу преземањето на пратката. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса, со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански).

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

Правило на Интернет Продавницата е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски. Императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу преземањето на истата.

Приватност

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. DIMStore не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате.

Употреба и чување на личните податоци

DIMStore ќе ги употреби вашите лични податоци исклучително за испорака и наплата на вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата  за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. DIMStore нема да ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ќе ги користи исклучиво за технички потреби, испорака и наплата на нарачката. DIMStore во целост ја почитуваа доверливоста на вашите лични податоци.

Малолетници

DIMStore им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на DIMStore без дозвола од нивните родители или старатели. DIMStore никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

Безбедност

DIMStore се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.